Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден парк ќе се гради во Аеродром, во овој ќе има и диви животни!

Уште еден парк ќе се гради во Аеродром, во овој ќе има и диви животни!

Општина Аеродром објави конкурс за изработка на идејно архитектонско–урбанистичко решение за голем зелен парк. Конкурсот  ќе трае до 11 март годинава a со носителот на избраниот најкреативен труд, општината ќе потпише договор за изработка на основен проект.

Како критериуми се наведуваат : креативност и инвентивност, оригиналност, репрезентативност, современ третман на објектот, економичност и задоволување на меѓународните прописи и нормативи.

Во идејното решение треба да бидат застапени содржини на површина од над 25 хектари. Во паркот ќе има повеќе видови мајмуни, срни, елени, пони коњчиња, желки, фазани и други видови домашна живина, зајаци, птици, диви кози, верверички, водена флора и фауна и друго.

Паркот треба да биде хортикултурно уреден со висока и ниска вегетација и да содржи пешачки патеки, ресторан, детски катчиња со игралишта за најмладите, тениски игралишта, лизгалиште, терен за голф, едно големо и неколку помали меѓусебно поврзани езера, како и многу други содржини предвидени во проектната програма

Слично

Поврзани вести