Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден осомничен за злоупотреби во ФФМ доби притвор

Уште еден осомничен за злоупотреби во ФФМ доби притвор

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека се обезбедени уште четири лица кои беа недостапни во рамки на истрагата за наводните злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Од нив, две лица денеска беа изведени пред судија на претходна постапка. За едниот осомничен е определена мерка притвор, додека за вториот се определени мерки за обезбедување на присуство.

Обвинителството наведува дека во различни периоди биле одобрени и потпишани вкупно 728 налози за исплата без целосна и валидна финансиска документација и без претходна проверка на основаноста и намената на исплатите.

Според наводите во истрагата, на ФФМ ѝ била причинета штета од над 180 милиони денари. Осомничените правни лица, според Обвинителството, се стекнале со противправна имотна корист, а потоа средствата биле пуштани во финансиски промет со цел да се прикрие нивното незаконско потекло.

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, пред неколку дена доби 30-дневен притвор од судијата на претходна постапка, поради обвинението поднесено против него од Обвинителството за гонење на организиран криминал за наводна проневера на околу 2 милиони евра.

Притвор од 30 дена доби и Олгица Младеновска, раководителка за финансиите за време на неговиот мандат, која исто е меѓу осомничените за овој криминал.

Слично

Поврзани вести