Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден обвинител од СЈО повикан на разговор за „Рекет“

Уште еден обвинител од СЈО повикан на разговор за „Рекет“

Уште еден обвинител од СЈО е повикан на разговор во ОЈО за „Рекет“.

Обвинителот Бурим Рустеми од СЈО добил покана да се јави на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Во обвинителството вчера сведочеше обвинителката Лиле Стефанова, а во понеделник исказ даде и обвинителката Елизабета Јосифовска. 

Осомничени во случајот „Рекет“ се Боки 13 и Зоран Кичеец, на кои вчера притворот им е продолжен за нов 30 дена. Тие се осомничени дека од бизнисменот Орце Камчев, земале 1,5 милиони евра и му ветиле дека имаат влијание во СЈО да ја запрат истрагата за перење пари против него. Италијанскиот  весник „Ла Верита“ објави аудио-материјал каде се слуша и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева како го смирува Камчев дека „Империја“ е под контрола. 

Слично

Поврзани вести