Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден неработен ден за сите граѓани

Уште еден неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека понеделник, 8 јануари, ќе биде неработен ден за сите граѓани.

Во согласност со Законот за празниците, Божик, 7 јануари, е неработен ден за сите граѓани, но затоа што годинава тој се паѓа во недела, неработниот ден се поместува на понеделник.

Министерството за труд и социјална политика им го честита Божик на граѓаните од православна вероисповед.

Во 2018 година македонските граѓани ќе имаат четири продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, четири се поврзуваат со викендот. 

Слично

Поврзани вести