Уште еден министер за одбрана во Скопје: Вчера Апостолакис, денеска Акар
Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар се сретна со премиерот Зоран Заев денеска во Скопје. На средбата присуствуваше и вицепремиерката Радмила Шекеринска.
По неговите контакти во Министерството за одбрана Македонија, тој замина во премиерскиот кабинет во придружба на турскиот амбасадор во Скопје, а во Владата беше пречекан и од други министри.
Инаку вчера во Скопје беше и грчкиот министер за одбрана Евангелос Апостолакис како дел од високата делегација што ја предводеше грчкиот премиер Алексис Ципрас, а беше потпишан сеопфатен договор на полето на армијата помеѓу двете страни.
Слично
