УШТЕ ЕДЕН МЕДИЦИНСКИ УСПЕХ ВО МАКЕДОНИЈА: Клековски се пофали, еве која нова интервенција ќе се изведува во земјава
Уште една нова интервенција (Баријатриски операциии во Македонија) ќе се изведува во земјава и тоа на Клиниката за дигестивна хирургија Скопје. Првата операција е направена, а во подготовка се уште четири пациенти. Фонд за здравствено осигурување на Македонија ќе подржи 40 вакви интервенции годинава и е една од мерките за справување со тешка дебелина за да се превенираат придружни болести, објави Сашо Клековски на фејсбук.
„Баријатриската хирургија вклучува процедури за намалување на телесната тежина преку промени во дигестивниот систем, помагајќи во борбата против дебелина и поврзаните здравствени проблеми како дијабетес тип 2, кардиоваскуларни болести и неплодност. Овие операции, најчесто лапароскопски, овозможуваат брзо закрепнување и кратка хоспитализација. Честитки до медицинскиот тим за овој успех!“, напиша тој.
