Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден критички настроен глумец ќе директорува со театар

Уште еден критички настроен глумец ќе директорува со театар

Актерот Драган Спасов -Дац како и неговиот колега Сашо Тасевски кој не молчеше за проблемите во театарот и општеството за време на владеењето на претходната власт доби шанса да предводи национална драмска устанoва. Познатиот Дац ќе директорува со МНТ и доаѓа на местото на досегашниот директор  режисерот Дејан Пројковски кој се повлече од функцијата.

Пројковски во МНТ го наследи Дејан Лилиќ, додека уметнички директор до пред два месеци беше Тони Михајловски, кој исто така си поднесе оставка иако често за функцијата велеше дека е симболична и без голема моќ на одлучување. 

Спасов од 1992-2016 работеше како актер во Драмскиот театар во Скопје, а од 2016 е дел од ансамблот на МНТ.

- Ви благодарам на сите за честитките по повод моето поставување за ВД на МНТ, не верував дека месинџерот и виберот ќе ми се запалат од пораки. Се извинувам ако на некои не одговорив но верувајте невозможно е да постигнам. 

Ќе се трудам големиот (во секој поглед) Македонски Народен Театар да продолжи со успешната работа и да стане уште поуспешен. Благодарам на сите уште еднаш, напиша Дац во своето обраќање на Фејсбук. 

Драган Спасов Дац зад себе има бројни театарски успеси со одиграни претстави во сите големи македонски театри, неговиот лик го сака и телевизијата каде се појавуваше како актер во серии, а исто така не му е непознато ниту филмското платно, па последно го паметиме во „До Балчак“ на Столе Попов.


Слично

Поврзани вести