Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден инцидент штетен за околината: Солна киселина истекла од цистерна во Скопје

Уште еден инцидент штетен за околината: Солна киселина истекла од цистерна во Скопје

Преку социјалните мрежи јавноста дозна за нов инцидент опасен по животната средина. 

Како што соопштија инспекторите од Град Скопје , солна киселина синоќа истекла од цистерна.

Настанот се случил  во околината на фабриката МЗТ во општина Гази Баба а по реакцијата на надлежните сторителот е најден веднаш.

Инцидентот, како што се наведува е пријавен од општински советник во Гази Баба.

Тој во пријавата кажал дека се шири епријатна миризба во околината на фабриката МЗТ, а по проверката надлежниот инспекторат констатирал дека истекла  солна киселина од цистерна од правен субјект кој што работи со прекурзори и истиот работел без елаборат за заштита на животната средина.

За потсетување, неодамна непријатна ситуација се случи во објектот на Охис кога истече метил акрилат мономер.

Слично

Поврзани вести