Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДЕН ГРAДОНАЧАЛНИК „ЗАРАБОТИ“ КРИВИЧНА: ВМРО-ДПМНЕ обвинува за монтиран случај

УШТЕ ЕДЕН ГРAДОНАЧАЛНИК „ЗАРАБОТИ“ КРИВИЧНА:  ВМРО-ДПМНЕ обвинува за  монтиран случај

Полицијата поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба против градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков. 

Тој се товари за одобрување службеници во општината да користат службени возила без патен налог за превезување пропаганден материјал за изборите.

Според полицијата, вчера во 19 часот, на магистралниот пат Струмица – Радовиш, патрола на сообраќајната полиција сопрела „фолксваген голф“ со струмички таблички, сопственост на Општина Ново Село, управувано од А.К. од Ново Село, службеник во општината, а со него во автомобилот биле уште двајца вработени во општинската администрација, односно В.К. и Е.П.

Возачот не поседувал патен налог за управување на автомобилот, во кој имало изборен пропаганден материјал, преземен од печатница во Кочани, а бил за кандидати за градоначалник на општините Ново Село, Босилово и Василево од една политичка партија. За настанот е известен јавен обвинител, пред кого биле изведени пријавените службеници во Општина Ново Село, кои претходно се приведени.

Монтираните кривични пријави на СДСМ против нашите градоначалници нема да ги спасат од изборниот пораз кој ќе им го испорачаат граѓаните, реагираат преку соопштение од ВМРО-ДПМНE. 

„Кривичната пријава против градоначалникот на Ново Село е уште еден притисок на СДСМ и излезно сценарио од скандалот во кој полицијата на Спасоски малтретираше активисти на ВМРО-ДПМНЕ“ - наведува опозициската партија.

Слично

Поврзани вести