Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДЕН ДЕН СО РЕПЛИКИ И КОНТРАРЕПЛИКИ: Расправата за Зврлевски продолжува утре

УШТЕ ЕДЕН ДЕН СО РЕПЛИКИ И КОНТРАРЕПЛИКИ: Расправата за Зврлевски продолжува утре

Спикерот Талат Џафери попладнево ја прекина седницата за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски и закажа ново продолжение утре во 11 часот.

Пратениците од парламентарното мнозинство и денеска повторно се откажаа од учество во расправата, за да се заштеди време и јавниот обвинител побрзо да биде разрешен.

Опозицијата побара Јавниот обвинител да се избира со двотретинско мнозинство. Укажа дека мандатот му е шест, а не четири години за да остане имун на политичките притисоци.

Фросина Ременски, пратеник од СДСМ се надева дека до крајот на неделата Зврлевски ќе биде разрешен. 

Разрешувањето на Зврлевски, како точка на дневен ред на шестата седница на Собранието, беше ставена на 5-ти јули. 

Слично

Поврзани вести