ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДЕН ДЕН СО НЕНОРМАЛНА ПОТРОШУВАЧКА НА ВОДА: Скопјани трошат повеќе отколку што Рашче може да постигне

УШТЕ ЕДЕН ДЕН СО НЕНОРМАЛНА ПОТРОШУВАЧКА НА ВОДА: Скопјани трошат повеќе отколку што Рашче може да постигне

Измина уште еден ден во кој жителите на делови од Скопје останаа без вода, или со намален притисок. Во високите зони (Водно, Козле, Железара, околните села дел од скопските општини) веќе секојдневно се случува да нема вода, од водоводното претпријатие продолжуваат со апели, но конкретни промени во ситуацијата нема.

И вчера согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода, ЈП Водовод и канализација – Скопје констатира повторно  енормно зголемена и неконтролирана  потрошувачка на водата,  која на дневно ниво изнесува околу 350.000 м3. Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот.

„Имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува со вода за пиење од природен извор со ограничена количина од непроценлива вредност, АПЕЛИРАМЕ  до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени и сл.“, велат од водоводното претпријатие.



ad
Слично

Поврзани вести