Уште еден ден Пендаровски во официјална посета на Германија
И денес продолжува официјалната посета на Шефот на државата, Стево Пендаровски во Сојузна Република Германија.
Претедателот вчера оствари средби со министерот за надворешни работи Хајко Маас.
Како што информираа од Кабинетот на претседателот, констатиран е дека двете земји имаат изградено односи на пријателство и взаемно почитување.
На својата фејсбук страна Пендаровски напиша: Чекориме цврсто кон нашето членство во НАТО. Да го заокружиме членството во ЕУ наша стратешка цел и желба на мнозинството наши граѓани.
Претседателот изрази и задоволство за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

Слично
