Уште еден ден можност за собирање потписи
Кандидатите за претседател на државата имаат уште еден ден можност за собирање на потребните 10.000 потписи за учество на изборите.
Гордана Силјановска – Давкова и Стево Пендаровски иако имаа по минимум 30 пратеници зад себе, веќе собраа најмалку 10.000 потписи, а истото го стори и Блерим Река.
Шефот на изборниот штаб за претстојните претседателски избори Александар Кирацовски вчера изјави дека во штабовите на ДИК за неколку часа се собрале 20.000 потписи, а претходно Силјановска исто така за кратко време собра 16.000 за еден ден. Блерим Река собра 11.400 потписи.
Шанса имаат уште Димче Петровски и Филип Петровски, но засега се даеку од потребната бројка од 10.000.
-Пратеници од различни етнички заедници, од различни политички партии, обединети се околу заедничкиот избор за победа, за напредок, за иднина. Стево е нашиот избор затоа што веруваме дека е личност со интегритет, кој ќе биде вистински претседател на сите граѓани. Кој ќе се води од интересите на граѓаните и државата, изјави Кирацовски.
Кандидатите за претседател на Републиката до Државната изборна комисија треба да ги поднесат кандидатурите најдоцна до 21 март, а изборната кампања треба да почне на 1 април. Собирањето потписи започна на 23 февруари, а ќе заврши на 9 март.
Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.
