УШТЕ ЕДЕН БИЗНИСМЕН „ПАДНА“ ПОРАДИ ПРОНЕВЕРИ ВО РЕК БИТОЛА - се терети за измама тешка скоро 90 илјади евра
Поднесена е кривична пријава против управител на правно лице, кој се сомничи дека со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра, објави Министерството за внатрешни работи.
- СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против М.Т.(46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување исправa” и „употреба на исправа со невистинита содржина”.
Пријавениот, управител во приватна фирма од Новаци, во април и мај 2024 година, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, а со намера да прибави противправна имотна корист, нанел штета од 5.453.7000 денари или 88.678 евра на РЕК Битола - појаснуваат од МВР.
Потоа додаваат дека лицето извршило промена на две барања од РЕК Битола (рудник Суводол) до фирмата за набавка на ролни за јаглен за репарирање на лента за јаглен, на тој начин што извршил промена на количината, односно ги преправил првичните појдовни барања кои како документи биле изготвени и таквите фалсификувани барања ги употребил како доказ во правен сообраќај за набавка на гумени прстени.
Фото: Принтскрин/Фејсбук/МВР
Слично
