Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДЕН БЕНЕФИТ ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ, НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ СЕ ПОФАЛИ: Неработните денови во кои се пренесува празник ќе се плаќаат исто така празнично

УШТЕ ЕДЕН БЕНЕФИТ ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ, НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ СЕ ПОФАЛИ: Неработните денови во кои се пренесува празник ќе се плаќаат исто така празнично

Независниот синдикат на Полицијата, преку својата официјална фејсбук страница се пофали дека успеал да издејствува уште еден бенефит на полициските работници, а тоа е неработните денови во кои се пренесува празник кој се паѓа во недела, исто така да им се платат со празнични дневници на полицајците. 
„На 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, НСП добива уште една голема битка со која конечно се менува Упатството за работните часови и во кое сега се предвидува дека неработните денови во кои се пренесува празникот кој паѓа во недела (недела во понеделник) треба исто така да се платат како празник.

Ова е еден од основите кои покрај храната, бонусот, должината на приправничкиот стаж итн. успешно го регулираме и повеќе истиот нема да има потреба да се наплатува по судски пат како до сега“, пишуваат од Независниот синдикат на Полицијата.

Според нив, иако многумина можеби подзабораваат, овие основи кои денес доброволно се исплатуваат, биле целосно непознати пред да ги промовира НСП заедно со адвокатскиот тим. 
„Па така имавме приправнички стаж кој траеше и по 13-14 месеци наместо законски предвидените 6 месеци, храна и бонус кои воопшто не се исплатуваа и неработни денови за кои до вчера не се исплатуваше никаков додаток.

Како синдикат ќе продолжиме покрај барањата за повисоки плати и услови за работа да се бориме за почитување на секое право кое е веќе предвидено и кое значително влијае на економско-социјалниот статус на колегите, но и ќе им се заблагодариме на 35 отсто од колегите кои членуваат во НСП и несебично го поддржуваат синдикатот за секој еден колега да ги почуствува придобивките од синдикалното здружување“, се вели во објавата од НСП.


Слично

Поврзани вести