Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште две вработувања во АД ЕЛЕМ на блиски до владини функционери

Уште две вработувања во АД ЕЛЕМ на блиски до владини функционери

Синот на Тахир Хани, заменик-генерален секретар во македонската Влада, е нововработен во АД ЕЛЕМ.  Назми Хани добил работно место како референт во подружница Треска на Електрани на Македонија. Веста ја потврдија и владиниот функционер, како и компанијата за Алсат.

Сваќа на министерот за економија Крешник Бектеши е исто така примена на работа во АД ЕЛЕМ. Станува збор за Нертила Усеини Каба, која е жена на братот на неговата сопруга.

Во последно време во оваа компанија се вработија повеќе блиски на државни функционери. Инаку, вчера беше потврдено дека од своите работни места се откажале мајката, односно синот на пратениците Костадин Костадинов и Горан Мисовски.

Слично

Поврзани вести