Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште две лица со кривични пријави пред ОЈО за насилствата во Собрание

Уште две лица со кривични пријави пред ОЈО за насилствата во Собрание

До Основното јавно обвинителство Скопје пристигнале уште две кривични пријави поднесени од Министерството за внатрешни работи за две лица за сторено кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 од Кривичниот законик.

За едното лице, надлежен јавен обвинител по прибирање на доказите ја утврди дадената правна квалификација. Со оглед на обемната медицинска документација за здравствената состојба на осомничениот, јавниот обвинител кој постапува во предметот предложи до судија на предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје определување на Мерки на претпазливост. Со Решение на судот, на лицето му се определени мерки за претпазливост  и тоа: Забрана за напуштање на живеалиште, Одземање на патна исправа, Забрана за приближување на место каде се одржува протест во растојание од 500 метри и Забрана за приближување на лицата кои евидираат како оштетени од овој настан.

За другото лице за кое е поднесена кривичната пријава, Основното јавно обвинителство Скопје ценејќи ги доказите, засега ја прифати правната квалификација за сторено кривично дело. Ценејќи дека постојат законски основи, надлежен обвинител до судија на предходна постапка достави предлог за определување на мерка  на обезбедување. Судот со Решение на осомничениот му определи мерка Куќен притвор со времетраење од 8 дена.

Од ОЈО посочуваат и дека продолжуваат активностите за расветлување на кривично правниот настан во Собранието на Република Македонија во континуитет.

Слично

Поврзани вести