Уште два дена од хуманата акција: Наминете до Скопје Сити мол и донирајте за дечњата од Сопот
Вкупно 300 подароци за 12 медиуми досега се собрани под елките кои се наоѓаат во Скопје Сити мол како дел од хуманитарната кампања „12 елки – 12 медиумски приказни“.
Акцијата трае до 4 јануари, па затоа ве повикуваме да донирате новогодишни подароци под елките, кои се наоѓаат на вториот кат во Скопје Сити мол.
Подароците кои во пресрет на Божиќ и Бадник ќе им бидат доставени на семејствата ќе израдуваат две дечиња од светиниколското село Сопот.
Бидете хумани да им ги разубавиме овие празници и барем малку да им дадеме надеж дека не е се така црно во животот.
Приказната за семејството може да ја прочитате тука.
Живеат во беда: Да помогнеме да се промени тажната судбина на сиромашно семејство од село Сопот
Слично
