Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште два ден од првиот рок на СЈО-Дали Собранието ќе го продолжи?

Уште два ден од првиот рок на СЈО-Дали Собранието ќе го продолжи?

За два дена истекува првиот рок на Специјалното јавно обвинителство за покренување обвиненија.

4 јуни е датумот за рокот од 18 месеци колку што имаше тимот на Катица Јанева за покрене истраги а досега оваа институција која произлезе од пржинскиот договор поднесе три обвиненија.

За шамарите во центар против екс премиерот, Груевски и за прикривањето на уништувањето на системите за прислушување против екс началникот на петтата управа Горан Грујевски и против градоначалникот на Битола, Владимир Талески. 

Во вкупно 18 месеци специјалните јавни обвинителки отворија 20 Т истраги. Станува збор за случаите: „Таргет“, „Титаник“, „Тортура“, „ТНТ“, „Транспортер„, „Тврдина“, „Тврдина 2“, „Трезор“, „Топлик“, „Тендери“, „Тарифа“, „Тенк“, „Труст“, „Табла“, „Триста“, „Тотал“, „Тифани“, „Траекторија“, „Тревник“, „Талир“, во кој се осомничени или обвинети десетици актуелни и поранешни државни и локални функционери за серија кривични дела.

СЈО и СДСМ бараат да се продолжи рокот а за тоа е потребно двотретинско мнозинство со што актуелниот пратенички состав е извесно дека нема да сака да го продолжи зошто ВМРО ДПМНЕ е контра продолжување на работата на Јанева.

Слично

Поврзани вести