Уште денеска и утре без негативен тест во Турција
Уште денеска и утре ќе може без условувања да се патува од Македонија во Турција, а од 30 декември за влез ќе мора да се има негативен ПЦР тест не постар од 72 часа
Примената на новата мерка на турската влада ќе важи до 1 март 2021, а исклучок се децата до 6 години.
Барањето за негативен PCR тест првично требаше да започне од 28.12.2020 година за оние кои влегуваат во Турција по воздушен пат, а од 30.12.2020 година за лицата кои влегуваат по копнен и морки пат.
Од денеска се очекува информација за тоа дали возачите на транспортните возила ќе бидат изземени од оваа мерка.
Слично
