Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште четири притвори за „крвавиот четврток“ - лицата ќе се бараат со потерница

Уште четири притвори за „крвавиот четврток“ - лицата ќе се бараат со потерница

На останатите четири лица за учество во „крвавиот четврток“ кои се недостапни за полицијата, Основниот суд Скопје 1 им одреди 30 дена притвор, соопштија денеска од судот.

На  А.В., Н.М., М.Д. и Д.Д. им е определена мерка притвор од 30 дена по нивното пронаоѓање, по добиеното известување од надлежните органи дека лиицата опфатени во предлогот на Обвинителството за определување на мерка притвор во врска со настаните од 27 април во Собранието, се недостапни за органите на прогон.

За лицата е дадена наредба за распишување потерница. 

„Решенијата, веднаш по нивното изготвување, од судот се испратени до надлежното обвинителство, а наредба за распишување потерница, согласно одредбите од законот, донесува органот кој jа води постапката“- стои  во соопштението.

Освен четворицата осомничени кои се во бегство, 28 лица веќе се во притвор.

Слично

Поврзани вести