Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се градат уште 80 мали хидроелектрани, тендерот се спрема

Ќе се градат уште 80 мали хидроелектрани, тендерот се спрема
На 80 нови ќе се градат мини хидроелектрани. Како што соопшти премиерот Никола Груевски, Владата на  тендер ќе ги дава  под концесија, а постапката ќе биде отворена до крајот на годинава. Од владата најавија дека сега ќе има поподготвени тендери со физибилити студија за секоја од локациите. Така, вели Груевски, секој инвеститор ќе знае каква хидроелектрана може да направи и со колкава моќ може да располага. Според најавите, во новите хидроелектрани ќе се инвестираат 176 милиони евра. „Нашиот зацртан план е да имаме 400 мали хидроелектрани и за толку се одредени места дека може да се направат низ Македонија. Како завршуваат физибилити студиите дел по дел ќе ги објавуваме“, рече Груевски кој додаде дека досега се издадени 60 концесии, а дел од малите електрани веќе се започнати да се градат. Тој смета дека малите централи се значаен енергетски потенцијал, а додава и дека иако се мали, се многубројни и затоа ќе бидат енергетска поддршка. „Ревитализацијата и модернизацијата на големите хидроелектрани треба да заврши до крајот на идната година. Со тоа не само што ќе им се подобри векот, туку ќе им се зголеми и капацитетот“, нагласи Груевски кој потсети дека преку АД ЕЛЕМ се инвестирани околу 33 милиони евра во ревитализација и модернизација на шесте големи хидроелектрани во земјава.
Слично

Поврзани вести