Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште 350 прегледи во Гостивар во последните 24 часа, три лица се хоспитализирани, девет се јавиле во ургентно

Уште 350 прегледи во Гостивар во последните 24 часа, три лица се хоспитализирани, девет се јавиле во ургентно

Во периодот од 18 јули во 08:00 часот до 19 јули во 08:00 часот, според информацијата која ја издаде Министерството за здравство, во Општата болница во Гостивар се регистрирани:

- 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица се хоспитализирани;

- 140 прегледи на Педијатриското одделение, од кои 105 нови и 35 контролни;

- девет прегледи во Ургентниот центар.

0 Клиничката слика кај најголемиот број пациенти е лесна, а бројот на хоспитализирани лица останува низок. Сепак, поради зголемениот број заболени во краток временски период, состојбата се третира како активен епидемиски настан и се спроведуваат сите потребни епидемиолошки, лабораториски и превентивни активности.

Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гостивар врши теренски увиди, епидемиолошки анкети и прибирање податоци од заболените. Досега се доставени околу 140 формални пријави за заразна болест, кои се обработуваат од страна на епидемиолошките тимови на ЦЈЗ Тетово и Институтот за јавно здравје, соопшти МЗ.

Институтот за јавно здравје е вклучен во истражувањето со стручна и лабораториска поддршка, а заедничките тимови продолжуваат со анкетирање на заболените, анализа на можните заеднички изложувања и микробиолошко испитување на земените примероци.

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, надлежен за прогласување епидемија на подрачјето на Гостивар е Центарот за јавно здравје Тетово. По спроведените теренски увиди, епидемиолошки анкети и консолидација на пристигнатите пријави, надлежниот Центар денес ќе донесе одлука. 


Слично

Поврзани вести