Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште 300 илјади евра за катната гаража „Мал ринг“

Уште 300 илјади евра за катната гаража „Мал ринг“
Нови, непредвидени 318 илјади евра ќе и плати Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор на граджената компанија Гранит за изградба на катната гаража „Мал Ринг“. Дополнителни средства биле потребни за дислокација на водоводната мрежа како и за машинско кршење на ѕидови и плочи, стои во објавата на Бирото за јавни набавки. Инаку, првично планираната вредност на изградбата изнесуваше 5,8 милиони евра, за катна гаража која треба да обезбеди 280 паркинг места, Камен темелникот на автоматизираната катна гаража беше поставен во август минатата година, со рок за изградба од две години.  
Слично

Поврзани вести