Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште 30 лица со казна од 2.000 евра за полицискиот час

Уште 30 лица со казна од 2.000 евра за полицискиот час

Пo 2.000 евра ќе треба да платат 30 лица кои се осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. 

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе предлози за издавање казнени налози. Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

„За сите нив надлежен јавен обвинител предложи парични казни од по 100 дневни глоби, при што поединечната вредност на дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност, стои во соопштението.


Слично

Поврзани вести