Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште 30 дена притвор за Мијалков

Уште 30 дена притвор за Мијалков

Уште 30 дена притвор доби екс директорот на Петтата управа, Сашо Мијалков. 

Нов 30 дневен притвор е одреден за поранешниот началник на Петтата управа, Сашо Мијалков, за случајот на СЈО под кодно име „Империја“.

Од затворот Мијалков вчера околу 14 часот е спроведен во Кривичниот суд каде бил на распит кај судија на претходна постапка.

Ова е втора мерка притвор Мијалков.

Во случајот „Империја“, Мијалков е еден од 13 осомничени.

По бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски во Унгарија каде тој доби политички азил, повеќе обвинети во случаите на СЈО завршија во притвор. 

Слично

Поврзани вести