Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште 10 пати да добиеме вето, за идентитет не преговараме, тврди Заев

Уште 10 пати да добиеме вето, за идентитет не преговараме, тврди Заев

Може да добиеме уште 100 ултиматуми, уште 10 пати вето и блокада, на овие прашања нема да разговараме, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ. 

Заев вели дека за македонскиот идентитет и јазик ниту се разговарало ниту ќе се преговара. 

„Јас очекувам од Бугарија чисто признавање на македонскиот идентитет и јазик. Тврдиме дека членство во ЕУ која не ни признава и прифаќа македонски јазик и идентитет не ни треба. Не веруваме ние во таква ЕУ“, рече Заев. 

Од Бугарија продолжуваат напади и изјави со кои се оспорува македонскиот идентитет.  Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов неодамна изјави дека сме еден народ. 

Слично

Поврзани вести