Урнатиот хеликоптер удрил во антена на Македонско радио
Полицискиот хеликоптер кој се урна синоќа во Струмица најпрвин удрил во 140-метарска антена на Македонското радио, кај Кванташкиот пазар, тврдат очевидци.
Струмичките медиуми објавија фотографии од антената во која удрил хеликоптерот. Тој потоа се урнал во близина, во нива на само 100-тина метри од неколку објекти на компании во Индустриската зона „Север“.
МВР за 11 часот закажа пресконференција на која ќе излезе со повеќе детали за хеликоптерската несреќа, во која според првичните информации, животот го загубија четири лица.
Слично
