Економија, финансии, бизнис

Контакт

УРЕДНИКОТ ЛАНДОВ СЕ ЗБОГУВА СО КЛИП И МАКФАКС - „Овде го достигнавме врвот, одиме понатаму“

УРЕДНИКОТ ЛАНДОВ СЕ ЗБОГУВА СО КЛИП И МАКФАКС - „Овде го достигнавме врвот, одиме понатаму“

Уредникот на Макфакс се збогува со медиумот, а преку својот фејсбук статус тој ја извести јавноста за овој чекор, но делумно и за причините.
Не открива каде ќе го продолжи својот ангажман.
„По скоро седум години, дојде време за: The end на ангажманот во Клип.

Илјадници ситуации (повеќе непријатни, отколку пријатни), стотици герили и ексклузиви, десетици интервјуа и анализи. И многу работи за кои немаше простор во краткиов текст и видео.

Беше чест од новинар во првата независна приватна новинска агенција “Макфакс” да се премине како репортер, водител и истражувачки новинар во “А1он”, па потоа и главен и одговорен уредник на Клип медиа груп и “Макфакс”.

Последниве осум месеци со тимот на “Макфакс” успеавме да го пробиеме рекордот во посети и претплати (земено во период од 2017 до сега, од милион на 7,6 милиони), што беше особена чест. Благодарност до сите нив и за несебичната поддршка, исто како и на претходниот уредник, менаџмент.

Овде го достигнавме врвот, одиме понатаму“, пишува Ландов на оваа социјална мрежа.


Слично

Поврзани вести