Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уредниците на ТВ Нова бараат средба со Хан

Уредниците на ТВ Нова бараат средба со Хан

Уредниците на ТВ Нова ќе побараат средба со еврокомесарот Јоханес Хан за да му ги пренесат состојбите во нивниот медиум и наводните притосоци кои ги трпат поради поведената истрага на СЈО против сопственикот Сеад Кочан.

„Се надеваме дека господинот Хан ќе одвои време во текот на денешната посета и ќе успее да се сретне со дел од уредничкиот тим за одблиску да му ја објасниме состојбата во Телевизија Нова, но и состојбата со нашиот сопственик Сеад Кочан, како и притисокот кој го чуствуваме од Специјалното јавно обвинителство“, изјави главната уредничка на ТВ Нова, Билјана Василева Трендафилова.

Сеад Кочан и натаму е недостапен за органите на прогонот. Тој е првоосомничен во случајот „Труст“ за дело кое е направено кога раководел со компанијата Трансмет, пред да биде сопственик на ТВ Нова. Се сомничи за фалсификување на тендерска документација и оштетување на државниот буџет за 17 милиони евра заедно со раководни лица од уште две компании со кои заеднички го добиле договорот за ископ во рудникот Суводол за потребите на РЕК Битола и ЕЛЕМ.

Слично

Поврзани вести