Управниот суд до полноќ ќе ги соопшти пресудите по партиските тужби
Советот на Управниот суд денеска треба да разгледа уште две од тужбите кои ги поднесе коалицијата предводена од СДСМ и една на ВМРО-ДПМНЕ за решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември.
Судиите вчера разгледаа две тужби на СДСМ. Рокот за објавување на пресудите за сите тужби е до полноќ. Одлуките на Управниот суд се конечни. Тие ќе бидат објавени на веб страницата на институцијата.
Советот на судии го сочинуваат Весна Јовановска, претседател и членовите Бурим Сејдини, Анета Џигерова, Ѓоко Живковски и Драгослав Радичевски.
Слично
