Економија, финансии, бизнис

Контакт

Управен суд демантира дека две нивни судијки се степале

Управен суд демантира дека две нивни судијки се степале

Судството во Македонија станува се поинтересна област за следење, но не заради донесените одлуки, туку заради внатрешните скандали кои се редат. 

Според информации на Макфакс две судијки на Управниот суд, чиј идентитет не го откриваат, се степале откако претходно двете изнеле различен став за сето она што изминативе денови се случува со нивните колеги во скопскиот кривичен суд. 

Веднаш потоа Управниот суд излезе со соопштение со кое целосно ги демантира овие наводи.

„Потенцираме дека Управниот суд е изненаден од објавените информации а за истите прв пат дозна од порталите кои ги објавија“ стои во соопштението.


Слично

Поврзани вести