Управен ги реши речиси сите тужби, се чека на одлуките
Судечките совети во Управниот судв вчера на јавни седници разгледале 19 од вкупно поднесените 28 тужби од партиите против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата.
Најголем дел од тужбите се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Течат роковите за одлука. Неколку од судиите на управен се со одземен имунитет поврзано со обвинението за предметот „Титаник 2“ на СЈО. Дали овие судии одлучуваат по тужбите на партиите и за овие избори?
Од Судот информираат дека одлуките за 19-те разгледани тужби ќе бидат објавени во текот на денов по нивното техничко изготвување.
Управниот суд денеска треба да ги разгледа и преостанатите тужби. Судечките совети на Управниот суд по овие тужби треба да се изјаснат 48 часа од нивното поднесување.
