Економија, финансии, бизнис

Контакт

Управата за извршување на санкциите демантира какво било организирано учество на припадници на затворската полиција во настанот во Крушево

Управата за извршување на санкциите демантира  какво било организирано учество на припадници на затворската полиција во настанот во Крушево

Од Управата за извршување на санкциите  велат дека со внимание ги проследиле објавите на електронските медиуми во кои партијата „Левица“ бара од министерот за правда да го разреши директорот на КПУ Затвор Скопје - Филип Андов за наводно ангажирање на припадници на затворската полиција од Затворот Скопје ималтретирање на партиски член  на прославата на државниот празник Илинден. 

„Управата ја провери веродостојноста на наводите од текстот погоре, и  побара информација  од директорот на КПУ Затвор Скопје. Согласно добиените сознанија, Управата за извршување на санкциите демантира  какво било организирано учество на припадници на затворската полиција во настанот кој се случил во Крушево. Припадниците на затворската полиција ги извршуваат своите работни задачи институционално т.е. во казнено-поправните установи каде се вработени и немаат никакви овластувања да постапуваат по ничија наредба надвор од затворскиот систем и поврзано со службените задачи, како и вон работното време. Доколку некој во приватно својство учествуваво таков или сличен настан, не може обвинувањата да се упатат на  кој било функционер кој раководи со институцијата и на сите припадници на затворската полиција , како и  да се политизира настан кој нема таква позадина“, информираат од институцијата. 

Политичката партија Левица обвини дека, како што ја нарекуваат, партиската полиција на СДСМ малтретирала граѓани на Мечкин Камен, на прославата на Илинден.

Од Левица обвинија дека ангажираната параполициска структура на СДС, од која според нив, дел бил директно предводен од директорот на затворот во Шутка со криминално минато, Филип Андон (Сокол), се заканувала и малтретирала граѓани цело време - додека полицијата одвај реагирала. 

Слично

Поврзани вести