Економија, финансии, бизнис

Контакт

Управата за финансиска полиција на оглас бара осуммина инспектори и асистент на директорот

Управата за финансиска полиција на оглас бара осуммина инспектори и асистент на директорот

Управата за финансиска полиција на оглас бара осуммина инспектори - двајца самостојни инспектори, двајца виши инспектори и двајца инспектори за прибирање и анализа на податоци, како и по еден помлад инспектор за соработка со институции и за прибирање и анализа на податоци. 

На огласот се бара и асистент на директорот, кој треба да има двегодишно работно искуство, како и да покаже предиспозиции за вршење на работите на финансиски полицаец. 

Платата на двајцата самостојни инспектори ќе изнесува 45.820 денари, на вишите инспектори 42.609 денари, а на инспекторите за прибирање и анализа на податоци, 37.979 денари. На оние кои сакаат да бидат помлади инспектори пак, понудена им е плата од 34.936 денари. Најмала плата, или 29.930 денари е предвидена за асистентот на директорот. 

Слично

Поврзани вести