Економија, финансии, бизнис

Контакт

УПОЗ ОДЛУЧИ: Живко Митревски е исклучен, го обвинуваат за разнебитување

УПОЗ ОДЛУЧИ: Живко Митревски е исклучен, го обвинуваат за разнебитување

Синдикатот на УПОЗ денеска информира дека вчера на седница донел одлука да биде исклучен од членство, како што велат, поранешниот претседател на ССМ, Живко Митревски.

„Одлуката од вчерашната седница на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ беше донесена од причина што Живко Митревски како член на Синдикатот на УПОЗ, подолг временски период постапуваше спротивно на Статутот на Синдикатот на УПОЗ, не ги почитуваше одлуките донесени од органите и телата и деструктивно делуваше и влијаеше врз останатите членови на Синдикатот“ - велат од УПОЗ. 

Од УПОЗ обвинуваат дека  Митревски направил обид за упад во Синдикатот на УПОЗ, Синдикатот за сообраќај и врски и во Синдикатот на одбрана и безбедност, а во моментот упад прави и СУТКОЗ со цел да се сменат раководствата на овие синдикати. 

„Тргнувајќи од овие оценки и констатации, членовите на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ сметаат дека ваквата одлука е оправдана дури и малку задоцнета, бидејќи деструктивното синдикално дејствување на членот на Синдикатот на УПОЗ Живко Митревски одамна е присутно во неговата работа“ - наведуваат од УПОЗ во соопштението. 

ОД УПОЗ го обвинуваат Митревски и за разнебитување на синдикатите, попречување на нивната работа и игнорирање на нивните активности. ­ 

Слично

Поврзани вести