Економија, финансии, бизнис

Контакт

УПОЗ бара обезбедување за јавната администрација, по нападот на службеничка во Прилеп

УПОЗ бара обезбедување за јавната администрација, по нападот на службеничка во Прилеп

Синдикатот на јавната администрација УПОЗ побара обезбедување за работниците, откако вчера беше објавено дека е пукано кон службеничка во Прилеп.

Маж на возраст од 50 години пукаше и рани вработена во прилепскиот Центар за социјални работи. Пукањето се случило во Центарот за социјални работи нешто пред 14 часот. Напаѓачот избегал од психијатриска установа, но и претходно ја демнел. 

„Со години нанзад Синдикатот на УПОЗ укажуваше дека безбедноста на вработените во Меѓуопштинските центри за социјални работи е непостоечка и дека условите за работа се катастрофални.

Вчерашниот случај за обид на убиство на вработена во Центарот за социјална работа Прилеп, е кулминација на сите вербални и физички напади кои ги трпат вработените во центрите за социјална работа“, реагираат од УПОЗ.

Од таму најавуваат и симболичен протест 

„Крајно време е да се слушнат барањата на вработените. Утре во 13:00 часот, вработените од сите центри за социјална работа ќе излезат на краток протест за да ги изразат револтот и загриженоста за безбедноста на нивните животи на работните места“, се додава во соопштението на УПОЗ.


Слично

Поврзани вести