Економија, финансии, бизнис

Контакт

УПЛАТЕНА ПРВАТА ФАКТУРА ЗА КОМПРЕСИВНА ОБЛЕКА ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД ПУЛС: „Ова е доказ дека кога има волја, има и начин“

УПЛАТЕНА ПРВАТА ФАКТУРА ЗА КОМПРЕСИВНА ОБЛЕКА ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД ПУЛС: „Ова е доказ дека кога има волја, има и начин“

Организацијата Супорт Кочани, на социјалните мрежи објави дека ја исплатиле првата фактура за компресивна облека за повредените од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.
„Support Kocani ја исплати првата фактура за компресивна облека во износ од 923.458,00 денари - средства целосно обезбедени преку донации.

Компресивната облека треба да пристигне во Кочани околу 16 јуни. Обезбедени се и средства за втора тура компресивна облека, за која на 16ти и 17ти јуни ќе дојдат повторно експерти од Бугарија и ќе започне процесот на земање мерки.

Голема благодарност до фирмите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои одобрија попуст од 19.600,00 лева и овозможија оваа помош да стигне до што повеќе повредени.

Иако некои процеси траат подолго додека да бидат завршени, ова е доказ дека кога има волја, има и начин. Ви благодариме на сите вас - граѓани, пријатели, непознати хумани срца - покажавте што значи вистинска солидарност“, напишаа тие на социјалните мрежи.



Слично

Поврзани вести