УПИСИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА ЗАПОЧНАА: Ако не ви е вакцинирано детето-ова треба да го знаете!
Цел месец Мај ќе се запишуваат првачиња во Основните училишта низ земјава. Во потребните документи за упис на дете во државно основно училиште задолжително е потребно родителот да достави и Календар за имунизација на детенцето.
Министерот за здравство во соработка со Министерствотот за образование неодамна најавија дека од Септември нема да се примаат деца во образовните институции доколку не се вакцинирани.
За дел од медиумите здравствените власти потврдиле дека остануваат зад одлуката за непримање на неимунизирани деца во училиштата.
Други потреби документи за упис на првооделенче во училиште се фотокопија од лична карта на родителите, фотокопија од извод од матичната книга на родените, Потврда за систематски преглед од стоматолог, како и задолжителен вакцинален картон.
