Упатени закани за војна ако не се ослободат обвинетите од „Диво насеље“
- Ги повикуваме Претседателот Иванов, Премиерот Заев, Претседателот на Собранието Џафери, сите албански политичари, а посебно Обвинителот од случајот Куманово. Отворете ги очите и размислувајте паметно во понеделник на 10.07.2017. Да бидете претпазливи со нашите луѓе. Ослободете ги од монтираниот случај Куманово 2015.
Да одлучите правилно за нивната невиност и обвинувањата за тероризам да бидат отстранети, и да ги ослободите што порано и на нивно место да ги ставите вистинските терористи кои го монтираа овој и многу други случаеви; Груевски, Јанкуловска, Мијалков и другите.
Дојден е крајот на монтираните процеси кон борците за слобода, убиствата и апсењата после Ослободителната војна на УЧК. Овие луѓе не се први, но се колнеме дека ќе бидат последни.
Ако се осудат овие луѓе мислам дека веќе знаете што ќе се случи со Македонија, и вие барате војна, војна и ќе имате, но овој пат ќе имаме една воена Национална сила мобилизирана од пред две години и професионална воена стратегија, и полна со омраза до грло, и заколнети пред Националното Знаме дека ќе се бориме до последниот здив за нашите луѓе од случајот Куманово и за сите други кои ги апсевте и убивавте после 2001, и се до прогласување на Република Илирида и соединување на албанските територии, се вели во соопштението на Ослободителната војска на Албанија, Косово и Илирида.
