Упасени се двајца мажи во тетовско и струмичко за предизвикување пожари
Полицијата уапси мажи во тетовско и во струмичко поради предизвикување пожари.
Полициски службеници од ПО Групчин, вчера во 16:35 часот, го уапасиле Н.И.(70) од с.Чифлик, постапувајќи по претходна пријава дека тој, додека ја чистел неговата нива на местото викано „Ливада" на стариот пат од с.Чифлик за с.Ларце, ја запалил собраната сува трева и предизвикал пожар, кој потоа е изгаснат. Н.И. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Во селото Василево, струмичко, вчера во 15 часот, полициски службеници од СВР Струмица го уапсиле Е.А.(42), жител на селото.
Тој се сомничи дека околу 12:00 часот подметнал пожар на место викано „Џидет“, во атар на село Василево, во кој била зафатена нива со сува вегетација. ТППЕ Струмица го изгаснала огнот, повредени нема.
Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Струмица и инспектор за пожари. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно документирање на случајот, против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
