Економија, финансии, бизнис

Контакт

Универзитетот каде што предава Пендаровски му го честиташе успехот

Универзитетот каде што предава Пендаровски му го честиташе успехот

Американ колеџ, универзитетот каде што Стево Пендаровски е ангажиран како професор по политички науки, му ја честиташе победата на претседателските избори.

- Горди сме што професорот на УАКС за политички науки, д-р Стево Пендаровски е избран за петти претседател на Република Северна Македонија. Му посакуваме мудрост и енергичност да ги извршува должностите на неговиот кабинет во корист на народот на Македонија, гласи честитката на универзитетот.

Пендаровски е член на Американ Колеџ од 2008 година, а во меѓувреме се проби до професор од највисок ранг, признание кое му го додели универзитетот.

Слично

Поврзани вести