Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унитети со Иницијатива за уставност: Ги оспоруваат изборите

Унитети со Иницијатива за уставност: Ги оспоруваат изборите

Со инцијатива која Унитети ќе ја достави до Уставниот суд денеска ќе се обиде да ги оспори изборите закажани за 11 декември.

Партијата од албанскиот блок бара да се оцени  уставноста и законитоста на Решението за распишување на предвремени избори за пратеници, од страна на претседателот на Собранието.

Од Унитети сметаат дека без балансирање на изборните единици се крши Член 22 од Уставот на Република Македонија кој гарантира еднаквост на избирачкото право, како и Член 51 од Уставот и дека со рапишувањето на изборите се кршат и норми од Изборниот законик. 

За нив со ова решение изборите се антиуставни и незаконски.

Во изборната единица 6 има 0,28 отсто повеќе запишани гласачи, односно 5,28 според последните официјални податоци на надлежните податоци , но законот дозволува отстапки до 5 отсто.

Слично

Поврзани вести