УНИБанка ќе исплатува камата за перпетуалните обврзници
Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9 процентни поени на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници, објавија од банката на Македонска берза.
Исплатата на каматата ќе биде на 22.Јануари годинава.
Од УНИБанка соопштуваат дека право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со денот пред исплатата односно до 21 јануари.
„Тргувањето со обврзниците во деновите 20 и 21 Јануари 2020 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 183 и 184 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 22 и 23 Јануари ќе треба да му го уплати износот на чистата цена плус акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 22 и 23 Јануари 2020 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата, објавија од банката.
