УНИБАНКА ЌЕ ИСПЛАЌА 5 ОТСТО КАМАТА ЗА ПЕРПЕТУАЛНИ ОБВРЗНИЦИ - еве кој може да очекува приливи
УНИ Банка ќе им исплати камата во висина од пет проценти на сите сопственици на перпетуалната обврзница од втората емисија, соопшти банката преку Македонска берза.
- Ве известуваме дека Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 5% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници од втората емисија со ИСИН MKBLBA200029 и шифра UNIPO2.
Исплатата на камата ќе се изврши на 2-ри Март 2026 година.
Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 28-ми Февруари 2026 година - се наведува во нивната објава.
Од УНИ Банка исто така имаат објаснување и за тргувањето кое треба да се спроведе во следните денови.
- Тргувањето со обврзниците во деновите 26-ти и 27-ми Февруари 2026 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата, при што купувачот при порамнувањето на 2-ри и 3-ти Март 2026 година ќе треба да му го уплати износот на чистата цена + акумулираната камата на продавачот.
При тоа, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 2-ри и 3-ти Март 2026 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата - се појаснува во соопштението.
