Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНИ БАНКА СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ - наскоро исплата на полугодишната камата за имателите на перпетуални обврзници

УНИ БАНКА СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ - наскоро исплата на полугодишната камата за имателите на перпетуални обврзници

Универзална Инвестициона Банка (УНИ Банка) објави дека наскоро ќе бидат исплатени полугодишните каматите на сопствениците на перпетуалните објврзници. 

Како што е наведено во објавата на Македонска берза исплатата на полугодишната камата ќе биде на 12 февруари. 

- Ве известуваме дека Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 6% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници од четврта емисија со ИСИН MKBLBA200045 и шифра UNIPO4.

Исплатата на камата ќе се изврши на 12.02.2026 година.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 11.02.2026 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 10 и 11 Февруари 2026 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 182 и 183 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 12 и 13 Февруари 2026 ќе треба да му го уплати износот на чистата цена + акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 12 и 13 Февруари 2026 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата - се појаснува во објавата. 

 

Слично

Поврзани вести