Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНИ БАНКА ЌЕ ИСПЛАТИ ПОЛУГОДИШНА КАМАТА НА ПЕРПЕТУАЛНИ ОБВРЗНИЦИ - некој добро ќе се офајди, каматите достигнуваат 6 отсто

УНИ БАНКА ЌЕ ИСПЛАТИ ПОЛУГОДИШНА КАМАТА НА ПЕРПЕТУАЛНИ ОБВРЗНИЦИ - некој добро ќе се офајди, каматите достигнуваат 6 отсто

УНИ банка објави дека ќе извршти исплата на полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници, а каматанта стапка достигнува 6 проценти. 

- Ве известуваме дека Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 6 отсто на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници од третата емисија со ИСИН MKBLBA200037 и шифра UNIPO3.

Исплатата на камата ќе се изврши на 24.10.2025 година.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници  во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 23.10.2025 година - се посочува во објавата на Македонска берза. 

Од УНИ банка објавија и детали за тргувањето со обврзници во понеделник и вторник. 

- Тргувањето со обврзниците во деновите 21 и 22 Октомври 2025 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 180 и 181 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 24 и 27 Октомври ќе треба да му го уплати износот на чистата цена + акумулираната камата на Продавачот. 

При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 24 и 27 Октомври 2025 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата - се прецизира во соопштението. 

Слично

Поврзани вести