Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНИ БАНКА ИЗДАДЕ ПЕРПЕТУАЛНИ ОБВРЗНИЦИ НА СУМА ОД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА - ова е втора емисија

УНИ БАНКА ИЗДАДЕ ПЕРПЕТУАЛНИ ОБВРЗНИЦИ НА СУМА ОД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА - ова е втора емисија

УНИ Банка доби одобрение да издаде перпетуални обврзници на сума од 2,5 милиони евра.

За ова банката извести преку ценовно чувствителна информација на Берзата. 

„УНИ Банка АД Скопје известува дека од страна на Комисијата за хартии од вредност, издадено е Решение за давање одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда - втора емисија на 2.500 перпетуални обврзници со поединечна номинална вредност од 1.000 евра и вкупна номинална вредност од 2.500.000 евра, односно 154.237.500 денари, пресметано по среден курс на НБРСМ, еден ден пред денот на донесување на Одлуката од Собрание за акционери“, се вели во соопштението од банката.

Слично

Поврзани вести