Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНИ Банка двојно ја зголеми добивката во 2012 та година

УНИ Банка двојно ја зголеми добивката во 2012 та година
УНИ Банка во 2012  ја дуплираше добивката во однос на претходната година. 93-те милиони денари кои ги регистрираше ова банка как чиста добивка на крајот од минатата година пред се се должат на намалените загуби , односно ослободувањето на средствата наменети за кредити со лоши пласмани. Имено на име оштетување на средства кај дадени кредити и вложувања банката регистрираше заштета од 31 %, односно банката ослободи 34.77 милиони денари, што веднаш позитивно се рефлектираше врз крајниот резултат од работењето на оваа финансиска институција. УНИБанка во 2012 регистрираше и  зголемување на приходите по основ на каматни стапки за 8%, како и зголемување на приходите од дивиденди за 5 пати односно овој износ од 163 илјади во 2011 е зголемен на 2 милиони и 83 илјади денари во 2012. Доколку се погледне билансот на состојба може да се констатира дека активата на УНИ Банка воо 2012 година пораснала за 6% или 1 милијарда и 119 милиони денари , што значи зголемување на инвестиционата активност. Во исто време се регистрира и зголемување на акционерскиот капитал за 9% во износ од 1 милијарда и 79 милиони денари што секако упатува на заклучокот дека банката и оваа година планира зголемување на влијанието на финансискиот пазар.
Слично

Поврзани вести