Унгарскиот опозиционер најавува екстрадиција на Никола Груевски доколку победи на изборите
„Цитат на опозицискиот кандидат Марки-Заи од неговиот говор на 23 октомври: Ако Орбан ја изгуби моќта следната година, поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, ќе се соочи со екстрадиција (заедно со јорданскиот бизнисмен Заиф Нафа и други)“, беше објавено на Твитер пред неколку денови, а вчера на унгарски јазикистото го најави и самиот Марки-Заи порачувајќи дека ќе ги екстрадира „Груевски, Нафа и другите криминални мигранти населени од Фидес“.

Марки-Заи ќе му биде противкандидат на долгогодишниот владетел Виктор Орбан од конзервативната партија „Фидес“. Самиот опозиционер е конзервативен градоначалник на мал град во јужниот дел на Унгарија, а зад себе има поддршка од шест опозициски партии. Според актуелните рејтинзи на власта и опозицијата, се очекува неизвесна борба на пролетните избори во Унгарија.
